ПРОЗБОРЕ ЛИ ПОРТУГАЛСКИ, ЗАЕВ СЕ СРЕТНА СО ГУТЕРЕШ: Македонија е синоним за победничките можности на дипломатијата и дијалогот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев, во придружба на министерот Никола Димитров, се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, како дел од агендата на македонската владина делегација на 74 Генерално собрание на ОН.

На средбата премиерот Заев ја потврди силната заложба наМакедонија за ефективен мултилатерализам и за јакнење на улогата на Обединетите нации во решавањето на сложените глобални предизвици, и во таа насока беше изразена поддршката за реформскиот процес инициран од генералниот секретар чиј фокус е ставен на превенцијата на конфликтот, одржливиот развој и реформите во управувањето.

На средбата беше истакнато дека Владата е целосно посветена на спроведувањето на Агендата 2030 и на активностите за интеграција на целите за одржлив развој во националните стратешки документи и локалните акциски планови.

Во разговорот премиерот Заев се заблагодари за поддршката на агенциите на ОН во нашата агенда во процесот на спроведувањето на сеопфатните реформи и го информираше генералниот секретар на ОН за актуелната состојба во земјата и за објективните најави за старт за преговорите за членство во ЕУ, како и за процесот на финализација на протоколот за пристапување во полноправно членство во НАТО.

Посебна благодарност на средбата беше изразена за признанието за важноста на Преспанскиот договор во Годишниот извештај на генералниот секретар на ОН Гутереш, кој беше оценет како резултат на победата на дипломатијата и дијалогот и како пример дека споровите можат да се решаваат врз основа на партнерство и пријателство во име на заедничкиот интерес за просперитет на народите.

Генералниот секретар на ОН Гутереш на средбата истакна дека му се восхитува на Договорот од Преспа и го оцени како историски успех со кој треба да се гордееме и кој отвора можности за напредок на земјата, и дека договорот беше важен чекор за скорешното членство во НАТО и за позитивната одлука на ЕУ за датум за старт на преговорите која се очекува во октомври.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This