April 28, 2024, 10:20 am

Пронајдени уште 751 необележан гpoб на деца кај домородно училиште во Канада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поглаварот на домородна нација во Канада изјави дека истражителите во четвртокот пронашле 751 необележан гроб на местото на некогашното училиште за домородни деца. Ова откритие следува по минатомесечниот извештај за 215 необележани гробови во друго училиште, пренесува АП

Индијанскиот поглаваар Кадмус Делмор од Првата нација Ковесис го соопшти ова на прес-конференција.

Шефот Боби Камерон од Федерацијата на суверени автохтони први нации рече дека очекува повеќе гробници да бидат пронајдени кај училишта низ цела Канада

„Ова беше злосторство против човештвото, напад врз Првите нации“, рече тој.

„Нема да застанеме додека не ги најдеме сите тела“.

Телата беа откриени во индијанското училиште во Маријавал, кое работеше од 1899 до 1997 година, каде што сега се наоѓа Ковесис, околу 87 милји источно од Регина, главниот град на Саскачеван.

Делорм рече дека едно време гробовите биле обележани, но оние што управувале со училиштето ги тргнале ознаките.

„Ние ова го третираме како кривично дело“, рече тој.

Ковесес и Федерацијата на суверени автохтони први нации, што ги претставува Првите нации на Саскачеван, рекоа еден ден дека „бројот на необележани гробници ќе биде најзначајното откритие во историјата на Канада“.

Минатиот месец посмртните останки на 215 деца, некои на возраст од 3 години, беа пронајдени закопани на местото на некогашното најголемо староседелско училиште во Канада, во близина на Камлупс, Британска Колумбија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This