ПРОНАЈДЕН БУНКЕР СО ОРУЖЈЕ КАЈ БЛАЦЕ: Си подметна ли Спасовски старо вооружување запленето од терористите, за да прави политички маркетинг?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утринава, на земјен пат во близина на регионалниот пат кон Косово полицијата пронајде бунер со оружје, информираат од МВР, од каде додаваат дека акцијата била спроведена во соработка со Управата за безбедност и контраразунавање

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″] Денеска (22.07) од страна на Единицата за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи Скопје во соработка со Управата за безбедност и контраразузнавање, а во содејство со Единицата за брзо распоредување, Единицата АЛФА и Единицата за увид на местото на настанот и анализа, преземени се мерки и активности во атар на с. Блаце, поточно во близина на регионалниот пат кон Косово, при што во канал покрај земјен пат пронајдени се два рачни ракетни фрлачи М57, седум рачни бомби, пет запалки за рачни бомби, пушкомитралез од кинеско производство, пушкомитралез со пригушивач за пламен 7,62 мм од руско производство, автоматска пушка АК 7,62 мм, три празни рамки за автоматска пушка и три вреќи со вкупно 2141  куршум калибар 7,62 мм. – информираат од МВР[/kopa_block_quote]

Но, експертите кои ги консултиравме, тврдат дека оружјето е со многу стар датум на производство и е веќе нефункционално.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Оружјето кое може да се види на снимките е од постаро производство. Ваков тип на оружје, користеа терористичките групации во текот на конфликтот во 2001-та, кога по спроведената акција за доброволно предавање на оружјето, а по координација и сугестија на НАТО беше прибрано голем дел од нефункционалното вооружување на терористичките групи во Македонија. Дел од оружјето беше уништено, додека дел складирано во депоата на Министерството.
Пушкомитралезите со калибар 7.62 за кои МВР тврди дека се пронајдени, всушност се истиот тип на вооружување кои беа предавани во текот на 2002-2005 година (во времето на Хари Костов), а се дел од вишоците на соседните армии кои во периодот од 1990-1999 беа криумчарени и продавани на терористичките организации на Косово. Се сомневам дека ова оружје за кое МВР тврди дека е пронајдено, всушност е подметнато од страна на службите блиски до Спасовски, со цел оттргнување на вниманието на јавноста од вистинските проблеми и партизацијата на полицијата која ја спроведува СДС – смета Наталија Ивчева, екс-помошник министер во МВР.[/kopa_block_quote]

Ивчева додава и дека, терористичките групации во регионот повеќе не користат оружје од овој тип, односно оружје произведено во раните 70-ти и 80-ти години, со регистарски ознаки на производство од бившиот СССР и СФРЈ. Таа додава и дека, оружјето кое било запленето од терористичката група во Диво Насеље било со нов производствен датум, и дека „пронајдокот“ е сомнителен.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This