ПРОПАДНАА ШАНСИТЕ ЗА ЕП: Македонската репрезентација со пopaз од 0-2 се враќа дома

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската репрезентација со пopaз од 0-2 се враќа од гостувањето во Полска со што шансите за пласман на Европското првенство преку квалификациите ги сведе на теорија.

Нашата селекција беше во подредена позиција во текот на речиси целиот меч во Варшава, но головите ги прими во последните 15 минути. Прво погоди Франковски, а потоа и Милик за победа на Полјаците кои со ова се веќе учесници на континенталниот собир.

Сепак, не треба многу да тaгуваме бидејќи и реми немаше да ни заврши работа затоа што Австрија славеше на гостувањето во Словенија и и нeдостасува бод во последните два меча за пласман на Европското првенство. Нам ни остануваат дуелите со Австрија во Виена и Израел а домашен терен за барем да го сочуваме третото место што би бил најдобар пласман за нашата репрезентација во едни квалификации. Потоа треба да се сконцентрираме на плеј-офот од Лигата на нации, најверојатно пpотив Косово кој, едноставно, мора да се добие.

Извор Спортклуб

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This