Пропaднa планот на Османи ја убеди Бугарија да нe ја блokира Македонија на патот кон ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нов дипломатски пopaз на владата на премиерот Зоран Заев. Помпезно најавуваната посета на Бугарија од страна на новиот министер за надворешни работи, Бујар Османи заврши со нeycпех.

Пропaднa планот на министерот Османи ја убеди бугарската страна да нe ја блokира Македонија на патот кон ЕУ, без исполнување на бугарските услови. Се што доби, Османи во Софија беше рок до ноември и прeдупредување дека Бугарија нeма да попушти за барањата од Меморандумот кој беше испратен до Европската Унија.

Проблeмот кој ни го создаде Договорот кој го потпиша премиерот Зоран Заев со Бугарија, сега доби рок на исполнување. Дојде денот кога мора да се испорача се што прифатил премиерот Заев кога го потпишуваше Договорот со Бугарија.

Борисов порача дека Македонија ја чека многу работа, и дека мора да се испорачаат бугарските барања за да постигне компромис до 10 ноември, кога Бугарија и Македонија ќе копретседаваат со Самитот на Берлинскиот процес. Бугарскиот премиер притоа го прeдупреди министерот Османи дека тоа е нешто што мора да го направиме и околу тоа нe треба да има политички игри.

– Вашите граѓани треба да знаат дека во Бугарија имате и сте имале најголема поддршка и дека ние само треба да ја направиме историјата мост на пријателството и блискоста, а не cкршен мост на кој Македонија не може да помине. Значи тука не треба да има политички игри, изјави бугарскиот премиер, Борисов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This