ПРОСЛАВАТА НА ЕВРОПСКА ТИТУЛА БИЛА ,,МИТИНГ НА ВМРО”: Стручен соработник на СДСМ жали што „сдсмовци“ и Шилегов отишле на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Активист и член на владеачката партија кој што според неговото тврдење на социјалните мрежи работи како „Стручен соработник во СДСМ“ јавно жали што негови сопартијци од Социјалдемократскиот сојуз и неопределени граѓани учествувале на прославата по повод триумфот на Вардар во лигата на ракометните шампиони.

За него прославата била партиски митинг на ВМРО-ДПМНЕ.

Според стручниот соработник на СДСМ дочекот на РК Вардар бил настан организиран од опозицијата која ги навлекла и членовите на партијата на власт да дојдат.

“Жaлнo е што СДСМ-овци и неопределени граѓани се навлекоа да бидат декор и мнозинство на партиски митинг на ДПМНЕ“, напишал стручниот соработник на СДСМ Мирко Мики Видоески на Фејсбук.

Со овој став на стручниот соработник на СДСМ тој го критиkyва и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов кој што беше на прославата односно според него учествувал на митинг на ВМРО-ДПМНЕ а истиот го финансирал преку град Скопје.

Премиерот Заев не беше на прославата но тој се сретна со Вардарци и најави финансиска помош за РК Вардар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This