Протекувањата од лабаратории во Кина биле чести: Кинеската војска спроведувала тајни експерименти во лабараторијата во Вухан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вашингтон пост пренесува дека протекувањата од лабараторија во Кина се чести, на што укажуваат и доказите дека кинеската војска спроведувала тајно истражување во Институтот за вирологија во Вухан. Сепак, Вашингтон пост сугерира дека потеклото на пандемијата на коронавирусите никогаш нема да се најде токму поради овој факт.

„Пост“, кој претходно во годината целосно ја отфрлаше теоријата на лабораториско протекување како „разоткриена“ теорија на заговор, направи целосна промена во ставот посочувајќи ја теоријата како веродостојна.

Пост посочува дека класифицирани воени истражувања биле извршувани во лабораторијата и дека записите речиси сигурно ќе останат класивицирани од кинеската влада две децении.

„Тајноста може да помогне да се објасни зошто напорите да се потврди или побие теоријата на лабораториско протекување за потеклото на пандемијата, направија мал напредок“, пренесува Пост.

Пост понатаму ги опишува напорите на разузнавачките служби на САД за истражување на пандемското потекло како „точно вид на операција што лабораторијата во Вухан ја подготвуваше пред повеќе од една деценија со поставување системи за управување со доверливи информации“.

„Мерките на претпазливост не значат дека лабораторијата има врска со потеклото на вирусот или има нешто лошо во нејзините класифицирани проекти“, се прокламира во извештајот.

Во објавата на Вашингтон пост се потенцира дека лабораториски протекувања имало и претходно во Кина, но тврди дека „Досега не се појавиле докази кои се спротивставуваат на изјавите на вработените во лабараторијата во Вухан дека тие не се сретнале со Ковид-19 пред пандемијата и дека не се случиле никакви несреќи во лабораторијата. ”

Ова целосно се коси со разузнавачките извештаи кои упатуваат на хипотезата за истекување од лабораторијата, со фактот дека вработени во лабораторијата биле хоспитализирани пред пандемијата, па дури имале и починати членови на семејството најверојатно од Ковид 19.

Написот во „Пост“ исто така тврди дека „многу западни научници ја фаворизираат теоријата дека пандемијата започнала во природата“, без да потенцираат никакви научни студии или други докази кои укажуваат на веројатноста за создавање на вирусот по природен пат.

Извор: Вашингтон пост

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This