Протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Кавадарци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска одржа протестен марш во Кавадарци. Граѓани маршираа од новата црква до градскиот плоштад.
kavadarci-protest

Обраќајќи се пред присутните, актерот Диме Коцевски рече дека иницијативата бара сите политички партии со граѓаните да изготват платформа за заедничка Македонија и да ги отфрлат платформите пишувани во, како што нагласи, туѓи држави.

– Бараме политичките партии во преговорите да не помислуваат да усвојат владина програма која не би била изгласана од граѓаните на изборите. Бараме од партиите, а особено од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, да не попуштаат да се гласа во Собранието законот за двојазична Македонија, зашто тоа ќе биде вовед во редефинирање на Македонија, истакна Коцевски.

Писателот Тодор Богев во изјава за медиумите рече дека протестираат против предавството на оние кои работат на албанската платформа и имаат најрадикални барања. – Немаме друга држава, наспроти оние кои имаат две, нагласи тој.

Според фудбалерот Горан Стојановски, народот е против двојазичност, против тоа македонската химна да биде во изменет состав и против туѓа платформа на туѓа држава.

И граѓанинот Благоја Митрев порача албанската платформа никако да не биде прифатена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This