„ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ ги повика сите граѓани денеска во 17 часот на масовен протест!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА која пред 65 дена започна да протестира денеска ги потсети граѓаните дека тие продолжуваат со протрстите и дека ќе продолжат (денес во 17 часот)  да чекорат по патот по кои што тргнале, а тоа е патот на граѓаните кои што се ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, патот на граѓаните кои што се борат за националните интереси на оваа држава, патот на граѓаните кои што ја сакаат неизмерно Македонија и нема да дозволат никој да ја користи како играчка и да ја води по други патишта од кои нема враќање.

bogdan

Богдан Илиевски членот на граѓанската иницијатива вели дека на Македонецот во генот му е да се бори и тие тоа ќе продолжат да го прават како тоа што го правеле изминатите 65 дена.

-И после сите овие обиди овие денови за демолизирање на граѓаните, одвраќање на граѓаните  од улиците за некои етикети кои што ни ги лепат дека ние сме биле терористи и убијци во обид и таквите негативни квалификации и измислици дополнително ќе не охрабрат да го правиме она што го правевме шеесет денови наназад.

Тој ги повика сите граѓани денеска во 17 часот да дојдат во што поголем број и да чекорат по патеката на државноста, бидејќи друга патека и држава тие немаат. Тој апелираше до сите органи за јавен ред и мир и до основното јавно обвинителство дека треба внимателно да си ја работат својата работа и да не приведуваат и да им одредуваат мерка притвор на лица за кои немаат докази или не се сигруни, а тоа би го направиле само за пополнување бројки.

Борис Дамовски потенцираше дека граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА шеесетина денови повикуваше на мир и исто толку денови ги повикуваше партиите да влезат во дијалог со граѓаните за да се среди ситуацијата.

-Очигледно поради немање храброст кај сите партии да седнат на маса и да разговараат за ситуацијата во која се наоѓаме доведе до тоа да и во македонското Собрание беше извршен државен удар. Граѓанската иницијатива денеска бара правна помош и тоа не само од правници, туку и од философи, социолози и психолози за да состават правен тим со кои граѓаните ќе ја тужат нефункционалната држава па макар тоа бидат и меѓународните судови.

Тој ги замолува сите стручни лица да се приклучат во оваа тужба во која граѓаните ќе ја тужат нефункционалната држава во која само граѓаните се функционални.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This