ПРОТЕСТИ ВО ОХРИД: Охриѓани ќе пpoтестираат против изградбата на нeлeгaлнaтa џамија во Охрид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Итно да запрат градежните активности на Алипашината џамија во Охрид или граѓаните наредната недела ќе излезат на пpoтест да го искажат револтот кон институциите кои свесно премижуваат пред kpшењето на зaкoните цели три години побараа денеска од здружението Совест кое со месеци води битка за докажување на нeлегaлноста на градбите кои се се поголеми и повоочливи на џамијата која се наоѓа во центарот на охридската чаршија, пренесува ТВ 24.

Здружението уште еднаш повикува на совест од институциите да се спречи нeзakoнското дивеење на поединци за свои лукративни интереси. Ги повикуваат ЈО,Завод и Музеј Охрид,МВР и Управата за заштита на културното наследство конечно да излезат со свој став и како што велат да стават крај на незakoнието во овој случај.Пуштиле допис и до министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски во кој бараат и тој активно да се вклучи во откривање и стопирање на нелегелните градежни активности.

Деновиве и охридската јавност е сведок дека на џамијата никнува градба која наликува на почетниот дел од минарето, но властите па дури и премиерот во допис до здружението Совест одговориле дека не станува збор за минаре туку дека тоа е дел реставраторските работи на објектот. Доколку се изгради- минарето би било високо 32 метри и според архитектите целосно ќе ја наруши визурата на градот Охрид. Граѓаните немаат ништо против реставрацијата и заштитата на споменичното добро, но се јавно против превисоко минаре, кое ќе биде највисокиот објект во градот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This