April 28, 2024, 11:03 am

ПРОТЕСТИ ЗА ВРЕМЕ НА ПОСЕТАТА НА КОЅИАС: Светски Македонски Конгрес и Македонски Манифест ќе му ја загорчат посетата на Коѕиас во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 31 август во Македонија престојува министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас. Домаќин е неговиот колега, министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров.

За време на посетата, министерот Никос Коѕиас ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, министерот за евро-интеграции Бујар Османи, а во Собранието ќе се сретне со претседателот Талат Џафери и шефовите на пратеничките групи. 

Министерот Никос Коѕиас ќе биде примен и од претседателот на Републиката, Ѓорге Иванов. 

Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес организираат мирен протест во врска со посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас. 

-Мирниот протест ќе се одржи пред Министерството за надворешни работи на Македонија, во 10.00 часот, а собирно место е фонтаната пред црквата “Пресвета Богородица“ на кејот на Вардар меѓу МНР и МАНУ. Организаторите имаат подготвено транспаренти. Поканети се сите добронамерници. Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес вчера испратија отворено обраќање до Владата и парламентарната опозиција за семакедонската црвена линија за името: СМЕ БИЛЕ, СМЕ И ЌЕ БИДЕМЕ МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНИЈА! Името на државата е идентитетот на нацијата! Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес бараат безусловен крај на разговорите за државното име Македонија и безусловно и итно продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија, стои во соопштението од организаторите на протестот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This