Протecт на жителите на Модрич: Патот сами си го направивме, а ни го уништиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жители на селото Модрич, струшко денес излегоа на протест.

Револтирани се поради тоа што, како што велат, им се уништува патот од камионите на концесионер тешки 50 тона натоварени со дрва кои ги сечат од шумата од Дебар.

-Патот сами си го направивме, концесионер доаѓа со натоварени 50 тонски камиони и истиот го уништува. Проблемот постои со години, уште од претходната година ни беше кажано од страна на концесионериот дека истиот ќе биде саниран но од тоа се уште ништо нема, вели жител на село Модрич за Курир.

Како што вели жителот за Курир, граѓаните повеќе не може да го трпат ова бидејќи доаѓа и до попречување на селскиот туризам.

-Мештаните се многу изреволтирани, никој нема слух за овој проблем и затоа излегуваме на протест, посочи тој вчера.

Модрич е инаку село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This