ПРОФЕСОРКАТА ГНЕВНА: На правниот систем му треба ремонт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Тања Каракамишева смета дека на правниот систем во државата му треба целосен „ремонт“ а повод е „случајот“ со членот на Судскиот совет, Зоран Теофиловски, осомничен дека ја оштетил државата за околу 800.000 евра, на кој му бил „одземен имунитетот“ , но одбиено е барањето на Обвинителствбото за притвор.

„Член на Судски совет има имунитет?

Исусе…по кое право човеков мисли дека ужива имунитет и по кое право Советот го разгледувал ова барање? Судскиот совет нема основно познавање за прашања од своја надлежност.

Ние очекуваме овие да донесат владеење на правото?

РЕМОНТ НА ЦЕЛ ПРАВЕН СИСТЕМ! Само тоа е излезното решение!- пишува Каракамишева.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за испратиле барање до судијата на претходна постапка, Седат Реџепагиќ да се произнесе за предлогот за притвор, дознава „Фокус“.

„Ниту во Уставот, ниту во Законите за Судски совет пишува дека членовите на советот уживаат имунитет, брифираат од Обвинителството. Од таму објаснуваат дека со престанувањето на судиската функција и станувањето на член на Судскиот совет, Теофиловски го изгубил правото на имунитетот, бидејќи судиите имаат имунитет, но не и членовите на Судски совет“ се вели во барањето на Обвинителството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This