ПРОФЕСОРКАТА КАРАКАМИШЕВА: Изборите не одат рака под рака со вонредната состојба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три дена до истекот на прогласената вонредна состојба, се уште е неизвесно дали претседателот на државата Стево Пендаровски ќе добие предлог од техничката влада за нејзино евентуално ново продолжување, повторно во „скратена верзија“. Просторот во меѓувреме, пак, ќе треба да се искористи за конечно постигнување политички консензус околу датумот на одржување на парламентарните избори.

-Изборите не одат рака под рака со вонредната состојба. Ако власта навистина сака да оди на избори не треба да му предлага на претседателот на Републиката нова вонредна состојба. Но, ако изборите им се само параван за олеснување на буџетот, тогаш веројатно ќе му предложат на Пендаровски нова вонредна состојба, затоа што само преку неа власта се чувствува комотна и без никаква контрола ги троши буџетските и позајмените пари на незаконски и криминален начин, вели за Лидер професорката по уставно право Тања Каракамишева-Јовановска.
Според последните неофицијални информации пласирани во медиумите, кај владејачкото мнозинство преовладува ставот да не се бара ново продолжување на вонредената состојба. Како аргумент за тоа е укинувањето на дел од рестриктивните мерки, што беа воведени поради пандемијата со корона вирусот. Во наредниот период, пак, техничката влада ќе ги донесе сите неопходни уредби.

Вонредната состојба беше воведена на 18 март и до сега на двапати беше продолжена-еднаш за 30, а потоа и за уште 14 дена.

Проф. Каракамишева-Јовановска вели дека власта примарно вонредната состојба не ја искористи за да се справи со последиците од Ковид-19, туку да се злоупотреби состојбата со нови задолжувања, криење на економскиот колапс во кој државата била уште пред вонредната состојба. И додава дека најголем дел од прашањата уредени со донесените уредби можеле да бидат бајпасирани и со обични владини одлуки.

-Власта уште пред да настапи пандемијата ја донесе државата пред економски колапс, така што вонредната состојба ја искористија за земање на заеми, кредити, а од вчера видовме и нова еврообврзница тешка енормни 700 милиони евра долг, што сите ние ќе треба да го враќаме за период од шест години со 153 милиони евра камата. Дополнително, вонредната состојба е искористена и злоупотребена за подигнување на рејтингот на СДСМ преку предизборни мерки, кои наликуваат на класичен поткуп. Со последната уредба за финансиска поддршка на граѓани власта таргетира групи на гласачи, кои и се потребни за избори и преку политики кои личат на поткуп ги злоупотребува буџетските средства и вонредната состојба и ги пренасочува овие средства за изборни цели. Зашто, СДСМ нема друг начин, ниту програма со која ќе им се обрати на гласачите на парламентарните избори, вели Каракамишева-Јовановска

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This