ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА НА СРЕДБА СО ЈАНИ БОЈАЏИ: Со Бојаџи не обединува борбата за слобода и против ругањето со нештата кои ни се свети!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката и кандидат за претседател на Р.Македонија Гордана Силјановска-Давкова оствари средба и со цензурираниот режисер Јани Бојаџи, чиј филм „Ругање со Христос“ беше забранет за емитување во кино салите низ Македонија од страна на актуелната власт, и лично, премиерот Заев кој во изјава за медиумите соопшти дека тој ќе се заложи филмот да не се емитува

Помеѓу два големи и инспиративни настани, Годишната конференција на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ и планираната вечерна средба со младите, време и за кус одмор и дружба со драги личности. Од нив секогаш можам да слушнам добар совет и искрена критика, но најважно од сѐ – да разменам добра мисла за предизвиците пред кои стоиме заеднички, без оглед на возраста, професијата и политичката ориентација. Секој од нас е паталец, а не гаталец, секој во својата струка и во својот живот има потреба од право и правда. Инспирацијата и мотивацијата ги црпам на секој чекор, од секоја средба, од секоја добра мисла за она што нѐ обединува – борбата за слобода на академско, уметничко и медиумско творештво, а против ругањето со нештата кои ни се свети. – напиша Силјановска-Давкова на својот ФБ профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This