ПРОФЕСОРКАТА УЛЧАР ЗА ЗАКОНОТ ЗА ДВОЈЗИЧНОСТ: Секој кој живее во Македонија мора да говори македонски јазик, тоа е уредено со закон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Елка Јачева-Улчар, една од потписниците на писмото на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ за Законот за јазиците во гостувањето во вестите на телевизија Алфа истакна дека јазик за комуникација во нашата држава е македонскиот јазик. Таа напоменува дека дури и со Законот за употреба на македонскиот јазик се предвидува дека секој кој живее во Македонија треба да го зборува македонскиот јазик. Според неа со новиот Закон за јазици се избегнува познавањето на македонскиот јазик, за што како што вели таа доказ е непознавањето на македонскиот јазик од страна на новите генерации Албанци.

Улчар потенцира и дека со ваквото законско решение се ставаат во подредена положба сите оние кои што говорат јазик различен од македонскиот и албанскиот, а македонскиот јазик како официјален јазик на оваа држава во целиот текст е споменат само еднаш. За професорката ова законско решение е политичко, а Законот за употреба на јазиците од 2008 година е многу подобар и поконзистентен од решението кое се нуди сега.

-Самиот закон од самото донесување на законот беше обоен со политички бои. Ние имавме закон зза употреба на јазиците од 2008 година и тоа моите колеги многу убаво образложија при една средба со премиерот во Владата на Република Македонија, образложија дека всушност тој закон од 2008 година е многу подобар и многу по конзистентен отколку овој закон од 2017-та година. Кој не знам од кој причини требаше да се донесе по брза постапка со европско знаменце итн. и со кој практинчно од она што можевме да го прочитаме, јас не сум правник, но е еден прилично конфузен и расплинети текст. Тој закон на некој начин според мислењето не само мое туку и на другите колеги лингвисти воведува двојазичност на целата територија на Република Македонија во услови на непостоење на таква двојазичност, вели Учар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This