Професорот Даниловски до власта: Да не ја повторуваме гpeшката, да се затвopи границата да не влезе омикpoн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Епидемиологот д-р Драган Даниловски вели дека и Македонија треба да преземе нови мерки поради новиот сој на коронавирусот, да ја ограничи работата на клубовите и кафеаните и да ги затвори границите на неколку недели за да се забави инвазијата на новата варијанта.

Тој во својата изјава за Канал 5 вели дека нема да можеме да го спречиме омикрон да влезе во Македонија, бидејќи премногу брзо се шири, но со мерките би добиле на време за да дознаеме повеќе за него.

– Сега веќе повторно доаѓа предвид повторно строго да се инсистира на маски и на растојание во затворен простор… кафеаните и клубовите, ако се влоши епидемиолошката ситуација, доаѓа предвид и да се затворат, но мислам дека засега е доволно да се направат ограничувања на бројот на гостите – вели епидемиологот, според кого Македонија треба да го следи примерот на Израел, вели докторот.

Оваа земја ги запре воздушните линии и наложи карантин за своите државјани кои ќе влезат во Израел, а во следните две недели нема воопшто да пушта странци во земјата.

Од денеска поради појавата на новиот сој, за кој се предупредува дека е опасен, границите ги затвори и Јапонија, а вакви најави имаат и многу повеќе земји.

Од СЗО утринава објави дека ризикот од новиот сој е многу висок, иако е варијанта која сѐ уште се истражува, може да има сериозни последици.

– Омикрон има невиден број на мутации на спајк протеинот, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание врз текот на пандемијата. Постои загриженост за способноста на омикронот да го избегне стекнатиот имунитет – велат од СЗО.

Оттаму им порачуваат на државите да ги приспособат „меѓународните мерки за патување“, велејќи дека наскоро ќе издадат дополнителни упатства.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This