ПРОФЕСОРОТ ДАШТЕВСКИ: На Република Македонија и се потребни реформи и нови луѓе кои ќе ја придвижат државата кон ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на емисијата “И што сега?” гостуваше универзитетскиот професор и аналитичар Александар Даштевски. Во однос на влезот на државата во НАТО, Даштевски истакна дека во една рака е добро што државата пристапила кон НАТО, но од друга страна државата била ставена на коцка, односно all in како што милувал да каже премиерот Заев и со тоа се нарушил националниот интегритет.

Даштевски потенцираше дека Владата скоро три години ја залажува јавноста дека ќе влеземе во ЕУ доколку се попушти во однос на името и историските забелешки од страна на соседите, но дека тоа се само празни флоскули преку кои Заев купувал време. Според него, Република Македонија можеби ќе претрпи нов процес од одреден период пред да пристапи во Европската унија бидејќи пред официјалното пристапување идната гарнитура на власт ќе мора да го ревидира договорот.

“Се зависи од Република Македонија и реформите кои ќе се случат во државата. Главна причина поради тоа што државата досега не ги почна преговорите за влез во ЕУ беа корупцијата, рекетот и матните зделки кои секој ден излегуваа на површина и им беа достапни на јавноста. Во секој случај, никој не е крив што државата е тука каде што е, освен гарнитурата на власт која за три години не промени ништо од она што ветуваше”, додаде Даштевски.

Според професорот Даштевски во нашата држава треба да се случат драстични промени на подобро кои ќе придонесат за едно реформирано и здраво општество кое што ќе стреми кон градење на една стабилна држава и држава која ќе биде спремна за Европска унија. Република Македонија најверојатно ќе добие нова гарнитура на власт која со нови сили, проекти и перспективи ќе ја движат државата напред, заврши Даштевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This