Професорот Дyeв: Cpaмно е штo влacта го зaoбиkoли Филозoфcкиот фaкyлтeт за jaвна pacпpaва зa кoнцептот зa обpaзoвaниe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Како факултет бевме лути бидејќи во таа јавна расправа ако можам да ја наречам јавна расправа не се почитува ставот на мнозинството. А, се покануваат личности кои што всушност само една од нашите колешки беше против тој наставнички совет, а останатите членови на Комисијата не се ни осмелија да пред своите колеги да ги претстават своите ставови, а камо ли на некој начин да ни ги доближат или да ни ги кажат причините зошто е токму избран тој концепт“, појасни во „Студио 10“ Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет.

Дуев додаде дека факултетот беше заобиколен и воопшто не доби покана за јавна расправа за концептот за образование кој што го предлага власта. Дел од колегите кои што беа присутни на јавната расправа биле поканети од пратеничките групи на партиите.

„Воопшто како институција која што на некој начин е столб на образованието, која што 100 години веќе нели по тие области како психологија, педагогија, и другите области создава наставници, не некој начин бевме игнорирани“, истакна Дуев.

Дуев посочи дека филозофскиот факултет е против нацрт концептот на власта за образованието.

„Колешката која беше поканета на јавната расправа не беше против заклучоците, туку беше против на начинот на кој што беа донесени заклучоците. Бидејќи сега во време на епидемијата, седниците на наставничкиот совет се одвиваат преку електронска комуникација и беше само против начин на кој што се донесени заклучоците“, рече Дуев.
Дуев се надева дека ќе надвладее разумот, бидејќи концепцијата не е прифатена таква како што ја предлага власта. Во реформите кои се предлагаат не им се верува. Предлогот на Филозофскиот факултет е сите реформи кои што почнуваат мора да бидат проактивни, а не ретркоактивни бидејќи тие ја влечат државата и самото образование назад.
„Треба да се прифатат сите забелешки на јавноста, бидејќи ако не се прифатат забелешките на јавноста ќе остане сомнеж на самиот концепт, начинот на кој што донесен истиот концепт“, кажа Дуев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This