Професорот Цуцуловски: Кончено се појави човек кој oдби да постапува по диpeктивите – Ова е кpajот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

КОНЕЧНО… Конечно се појави човек, кој отворено, без какво било заобиколување, отворено и без каква било неодлучност, одби да постапува според директивите, испорачани од највисоките структури на македонската власт, која одамна е западната во највулгарен бонапартизам – лично, самоволно и надвор од секаква контрола владеење и однесување.

Гневот што почна да се истура врз овој човек дојде лично од Зоран Заев, човек кој не е навикнат да чуе нешто различно/дисонатно од она што сака да го протурка по секоја цена, макар цената била доуништување на македонското општество и македонската државност во целост. Видно вознемирен, со немирен и дефокусиран поглед пред камерите, одлучи да го казни човекот чија „вина“ е само во тоа (и единствено во тоа!) што одлучи да постапува според својата свест, меѓутоа и според својата с о в е с т, ретка појава во гангренознат Македонија. Велам човек кој одлучи да постапува според својата свест, меѓутоа и с о в е с т, бидејќи повеќето луѓе од власта постапуваат наспроти својата совест, сеедно што поседуваат свест за тоа што секојдневно ѝ го прават на Македонија. Значи, проблемот не е когнитивен, ниту само во незнаењето, макар што кај власта знаењето/свеста се јавува во елементарна, сосема рудиминтирана форма.

Проблемот е, пред сѐ, од морална природа. Односно, се јавува тогаш кога луѓето постапува наспроти свеста што ја поседуваат, како резултат од недостиг/инсуфициенција на совест, бидејќи немањето на совест е немање на морал. Луѓето не грешат толку затоа што не знаат, туку затоа што не постапуваат според тоа што го знаат, колку тоа знаење и да е минимално. Кој, имено, нема свест дека не треба да се ограбува, да се лаже или дека со почит треба да се однесува кон оние кои го избрале – граѓаните? Меѓутоа, од поседувањето на свеста не следи дека според неа ќе се постапува, бидејќи покрај свеста, нужно е да се поседува и совест. Што значи мора да се поседува снага, волја и морал за да се потиснат/надминат сопствените, личните интереси и да се постапува и според с о в е с т а.
Човекот кој покажа дека има свест, меѓутоа и совест – значи кој има и снага, и смелост да постапува според сопствената свест – е Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат. Една народна поговорка предупредува дека една ластовичка не прави пролет. Нека е и така. Но, во секој случај, таа ја најавува, бидејќи од некаде и од некого мора да се почне. За среќа, господинот Пауновски не е осамен. Не само што ја има (посредно или непосредно) подршката на јавноста, туку и подршката на своите колеги, кои одлучија да собираат потписи за негова подршка, бидејќи и на нив сѐ им е дојдено преку глава. Ова е, колку што можам да се сетам, првиот случај во Македонија дел од државните службеници (сеедно на нивниот ранг во државната структура) отворено да ѝ се спротивставуваат на власта, макар била заевистичка. Власта, ненаучена на каков било отпор, почнува неумерено да реагира. За правичност почнуваат да говорат и оние на кои правичноста не им е сосема блиска – Љупчо Николовски и Артан Груби. Потсетуваат, помеѓу другото, за принципот на правича застапеност во вработувањето, токму тогаш кога на овој план е загубена секаква правичност и еднаквост. За мериторност/професионалност во вработувањето не може ни збор да стане. Напротив, на дело е најгруб вид на селективност и сегрегација. Од друга страна, Мила Царовска, без грам педагошко образование или искуство, спроведува реформи во образованието, како министе за образование, меѓутоа и за н а у к а. Ни повеќе, ни помалку, туку и за наука!? Малку ѝ е образовниот процес, туку под своја капа ја има и науката! А, тоа значи и сите научни институции во Република Македонија.

Во секој случај, со отвореното неприфаќање на директивите, наложени од највисоките државни структури, се најува почетокот на пропаста на македонскиот бонапартизам, макар што веќе почна да се ниша и самиот од себе. Неко веќе го напуштија/напуштаат бродот. Процесот кој ќе следи нема да биде лесен, ниту безболен. Меѓутоа, колку и да е болно, мора да се помине низ Пургаториумот за да се стигне до правата, вистинската цел – слобода и достоинство за секое човечко суштество – бидејќи прочистувањето е нужниот услов за чесност и морална чистост.

Пишува на Фејсбук професорот Љубомир Цуцуловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This