Пудрата на „Џонсон и Џонсон“ пpeдизвикува paк на јајниците: Компанијата треба да плати две милијарди долари обештeтyвaње

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот Врховен суд донесе одлука дека компанијата „Џонсон и Џонсон“ ќе исплати вкупно две милијарди долари обештетување на жените кои тврдат дека добиле рак на јајници поради употребата на бебешка пудра во прав од таа компанија, пишува Independent

Судиите денеска не коментираа за одбивањето на жалбата поднесена од компанијата „Џонсон и Џонсон“.

Компанијата тврди дека немала фер третман во едно испитување со 22 жени со рак, од различно потекло од 12 различни држави.

Судот од Мисури првично додели отштета од 4,7 милијарди долари на жените, но Апелациониот суд ги отфрли тужбите на двете жени и го намали обештетувањето на две милијарди долари.

Бебешката пудра во прав произведена од „Џонсон и Џонсон“ содржи азбест, а азбестот може да предизвика рак на јајниците, утврди жирито, додека компанијата ги оспори обете точки.

„Џонсон и Џонсон“, со седиште во Њу Бранзвик, Њу Џерси, престанаа да ја продаваат својата позната бебешка пудра во САД и Канада, додека пудрата се уште се наоѓаат на пазарот на друго место во светот.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This