ПУПКАТА НА ЗАЕВ РАСЦВЕТА: Cyдскиот совет целосно партизиран, ќе се избираат и paзрешуваат cyдии директно од „Муртино“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во екот на аферата Рекет која целосно го разобличи македонскиот правосуден систем и ги откри спрегите на власта со судството, Зоран Заев е решен целосно да го партизира Судскиот совет. Се очекува во текот на денешната собраниска седница Весна Дамева, стручна соработничка во Кривичниот суд во Скопје и Селим Адеми, правник од Вруток, Гостиварско да бидат избрани за нови членови на Судскиот совет.

Дамева е предлог на претседателот Стево Пендаровски, додека Адеми е предложен од собраниската Комисија за избори и именувања. Весна Дамева е сопруга на Младен Дамев поранешен директор на телевизија Алфа во времето кога со телевизијата директоруваше Штерјо Наков, бизнисмен кој важи за исклучително близок до СДСМ. Во моментов сопругот на Дамева е финансов директор во Скопски пазар именуван од страна на СДСМ.

На фотографијата подоле се гледа како и самата Дамева е фотографирана со Зоран Заев.

Изборот на нов член на Судскиот совет подолго време беше блокиран  во Комисијата за избори и именувања, поради тоа што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара предлогот за избор на Дамева да биде симнат од дневниот ред на седницата што продолжува денеска, што не беше прифатено од мнозинството. Нејзиниот избор денес конечно ќе се најде на пленарна седница.

Новинарот Саше Димовски кој важи за одличен познавач на состојбите во македонското правосудство неодамна во своето гостување во телевизија Телма целосно ја разобличи политиката на власта во однос на правосудниот систем во Македонија. Тој истакна дека за познавачите за состојбите веќе однапред се знае кој ќе ја завземе која позиција во правосудниот систем, бидејќи кадрите се избираат според послушност и конекциите кои што ги имаат со власта. Како еклатантен преимер за ова тој го посочи застојот на избор на судии во Апелациониот суд  за кој според него  причината за тоа е што владејачките партии СДСМ и ДУИ не можат да се договоратза составот, па така Заев лобира за судијка од неговата родна Струмица, а ДУИ за судијата Осман Шабани кој пак е судија во низа предмети на СЈО.

-И сега судскиот совет си прави внатре лобирање кого да избере. Имаме застој за избор на судии во апелациониот суд каде со години нема избрано затоа што премиерот рекол дека од Струмица мора една судијка да дојде во Скопје, дел од членовите не го прифаќаат тоа, барањето на ДУИ е судијата Осман Шабани да оди во Апелација што другите не го прифаќаат бидејќи суди 4-5 предмети од овие на СЈО се сериозни па да не пропаднат и сега имаме застој во избор на судии затоа што едното, второто и некое трето лоби не можат да се усогласат. А законот им вика во рок да изберат, значи сите рокови се поминати, прекршени никој не разговара за одговорноста на членовите во судскиот совет, истакна Димовски.

 

Судскиот совет на Република Македонија сопред Законот треба да е самостоен и независен орган на судството. Советот ја „обезбедува“ и „гарантира“ „самостојноста“ и „независноста“ на судската власт, преку остварување на своите функции согласно со Уставот и законите.

Советот е надлежен:

– да ги избира и разрешува судиите;
– да ги избира и разрешува претседателите на судовите;
– да утврдува престанок на судиската функција;
– да избира и разрешува судии поротници;
– да ја следи и оценува работата на судиите;
– да одлучува за дисциплинска одговорност на судиите;
– да утврдува нестручно и несовесно вршење на судиската функција,
– да утврдува престанок на судиска функција поради трајна неспособност за работа на судија;
– да одлучува за одземање на имунитет на судија;
– да одлучува по барање за одобрување на притвор на судија;
– да предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија од редот на судиите;
– да го разгледува годишниот извештај на Врховниот суд на Република Македонија за утврдените начелни ставови и начелни правни мислења по прашања од значење за обезбедување на единство во примена на законите,
– да одлучува за времено отстранување на судија од вршење на судиска функција;
– да го утврдува бројот на потребните судиски места по судови;
– да ги разгледува и оценува тримесечните и годишните извештаи за работа на судовите;
– да се грижи за угледот на судиите и довербата на граѓаните кон судството;
– да постапува по претставки и поплаки на граѓаните и правните лица за работата на судиите и судовите;
– да поднесува извештај за работата;
– да донесе деловник и други општи акти со кои ги уредува работите од својата надлежност,
– да утврдува ориентационен број на предмети што треба да ги реши судијата месечно и
– да врши и други работи утврдени со закон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This