ПУТИН ЗА САМБОТО КАКО ОЛИМПИСКИ СПОРТ: Ќе биде тешко, сите знаат дека Русија нема конкуренција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека Русија ќе работи на тоа боречката вештина самбо да биде вклучена во олимписките спортови.

Путин учествуваше на заседанието на покровителскиот совет на Институтот на земјите од Азија и Африка при Московскиот државен универзитет и притоа разговараше и со студентите. Еден од нив,

актуелниот шампион во самбоу Камиљ Абдулазизов, го праша претседателот дали постои можност оваа боречка вештина да стане една од олимписките дисциплини, пренесуваат руските медиуми.

„Сигурно дека треба, можеме и ќе работиме на тоа, посветено и мирно“, рече Путин.

Тој додаде дека тоа е сложено прашање, меѓу другото и затоа што Русија во овој спорт практично нема конкуренција.

Путин смета дека треба да се развива и популаризира самбото за да и во другите земји се појават успешни спортисти кои би биле заинтересирани да учествуваат во натпреварувањата.

„Тогаш и тие ќе ја поддржат пријавата самбото да стане олимписки спорт”, рече тој.

Путин рече дека самбото е„национален спорт” во Русија кој „настанал како комбинација на неколку боречки вештини на народите на СССР”.

Студентите го замолија Путин да им одржи мастер-клас по самбо и џудо.

„Ќе се обидам да ви покажам префрлање преку рамо“, се насмеа претседателот.

Во ноември Меѓународната федерација за самбо (FIAS) доби известување од Меѓународниот олимписки комитет дека самбото е привремено признаен како вид спорт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This