Путин: Русија до крајот на летото ќе се избopи со kopoнавирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека очекува Русија да достигне колективен имунитет на коронавирусот до крајот на летото.

Како што најави, таа земја потоа ќе ги укине ограничувањата поврзани со пандемијата, пренесе Интерфакс.

Ако (вакцинацијата) оди со исто темпо како порано, мислам дека летото, до крајот на летото, ќе постигнеме, мора да постигнеме таков индикатор, истакна Путин.

Рускиот претседател, кој беше вакциниран со вакцина од руско производство оваа недела, исто така рече дека единствените несакани ефекти што ги доживеал биле лесна болка во мускулите следното утро и непријатно чувство на местото на инјектирање, објави Ројтерс.

Рускиот претседател Владимир Путин денес ги повика своите сонародници да се вакцинираат против коронавирусот.

Во интервју за државната телевизија, Путин рече дека „ако некој сака да се чувствува безбедно, не сака да се разболи и да претрпи тешки последици по болеста, тогаш секако е подобро да се вакцинираме“.

Речиси четири месеци по почетокот на примената на нејзината главна вакцина Спутник V, која беше одобрена од 56 земји во светот, Русија сè уште има потешкотии во вакцинирањето на своите 144 милиони жители поради отпорот меѓу нив.

Според анкетата објавена од независниот центар Левада на почетокот на март, две третини од Русите веруваат дека ковид 19 е биолошко оружје создадено од човек, а 62 испитаници изјавиле дека не сакаат да се вакцинираат.

Само четири милиони Руси ги примиле двете дози на вакцината, а уште два милиони само првата, што е само четири проценти од населението, далеку под стапката на вакцинација пријавена во други земји, како што се САД и Велика Британија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This