Граѓаните кои се вакцинираа во Србија втората доза ќе можат да ја примаат во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од српскиот министер за здравство Златибор Лончар и побарав да ми даде список од наши граѓани кои се вакцинирале во Србија. Списокот ни е потребен оти планираме нашите сограѓани кои веќе се вакцинирале во Србија да се ревакцинираат во Македонија, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Утрово разговарав со српскиот колега Лончар и побарав од него да ми даде список од наши граѓани кои се вакцинирале во Србија. Тие што се вакцинирале таму, планирано е да се ревакцинираат дома. Апсолутно ќе имаме доволно дози за ревакцинација. Денеска завршуваат сите административни работи во Агенцијата за лекови во однос на дозволата за вакцините на „АстраЗенека“ и веќе од среда ќе започне процесот на имунизација. Вкупно 20.000 граѓани ќе добијат термини за вакцинација. Јас нема сега да се вакцинирам, ќе почекам да стигне поголема доза. А кога ќе имаме, ќе се вакцинирам со „АстраЗенека“ со цел да докажам дека е безбедна вакцината. Ги уверувам граѓаните дека сите вакцини се проверени и безбедни“, рече Филипче.

Според српските здравствени власти, само викендов во Србија биле вакцинирани 22 илјади странски државјани, од БиХ, Црна Гора, Македонија…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This