ПУШТААТ АВТОПАТ НА ДИВО: Демир Капија – Смоквица нема безбедносен сертификат за пуштање во употреба!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс-премиерот и актуелен пратеник Никола Груевски обвинува дека власта го пушта во употреба автопатот Демир Капија -Смоквица без соодветните безбедносни сертификати. Причината што сега се става во функција, според него е , да се прикаже дека автопатот е завршен по заслуга на СДСМ.

„Една година новиот автопат го држеа завршен, а неотворен со лажно објаснување дека не е завршен, а всушност од градежните работи не беше завршено само преместувањето на еден далновод и контролната соба. Нешто за што требаат најмногу три месеци, поточно на крајот на август 2017-та делницата Демир Капија – Смоквица на тогаш автопатот именуван како „Александар Македонски“ да се пушти во употреба. Реалната причина всушност беше да помине една година и во перцепцијата на народот да се всади дека во поголем дел СДСМ го изградил овој автопат. А, всушност нема изградено ниту еден метар од автопатот во време на нивното владеење“, пишува Груевски на Фејсбук.

Според него, власта целосно ги заборавила формалните процедури поради кои ниту еден автопат во Европа не би можел да биде пуштен во употреба.

„Нема технички персонал што ќе го менаџира тунелот. За ваков тунел треба посебен режим (машински инженер, контролор на воздух, сообраќаен инженер , болничка кола 24/7, противпожарна екипа) вкупно околу 40 луѓе; огласот отворен во време на ВМРО, го поништија вработија несоодветен кадар кој не може да се обучи; нема сертификат за безбедност од ТУВ-германското сертификационо тело кое треба да потврди дали се исполнети потребните стандарди; Нема агрегат како бекап варијанта. Ова значи дека ако нема струја нема да се вози по тунелот, пишува Груевски.

 

Овие неспособни луѓе и импровизатори, како што импровизираат со автопатот Демир Капија – Смоквица и како што го држеа…

Posted by Nikola Gruevski on Sunday, April 22, 2018

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This