Пaндoв: Пopaди лoшaтa политика на 3aeв, Maкедонија единcтвeно мoжe да влeзe во ЕУ ако каже дека тука живeaт Бугapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва во емисијата „Само вистина“ гостуваше Александар Пандов, прв човек на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ. Тој при своето гостување посочи дека виновник за сето ова што сега и се случува на Македонија е Зоран Заев. Заев пред да дојде на власт да не ветуваше се и сешто на Бугарите ова немаше да ни се случи.

„Затоа што нема историја, нема идентитет во овој нон пејпер затоа и Бугарите не го прифаќаат. Во Бугарија не е овој проблем сега со историјата, со јазикот, со идентитетот, со меморандум што ни издаваат од кај нивната академија за наука и уметност. Тука се работи за 100 годишна и над 100 години пропаганда која што во континуитет поагресивно или помалу агресивно бугарските властодршци ја тераат кон Македонија. Повеќе пати имам повторувано четири војни водат Бугарите, прва и втора балканска војна, прва и втора светска војна со цел да ја окупираат територијата на Република Македонија и да го асимилираат македонското население.“, појасни Пандов.

Пандов додаде дека во поновото време се води стратегија од Бугарија дека сме еден народ во две држави. Не верува дека во скоро време ќе се смени ставот на Бугарија кон Македонија.

„Во ситуација ако не прифатиме дека нашиот јазик има бугарски корени, односно дека нашите револуционери или преродбеници биле Бугари, со самото тоа произлегува дека и нашиот идентитет е бугарски, 84% од Бугари на анкета одговориле дотоколку ние Македонци тоа не го прифатиме, тогаш под итно да ни се стави вето“, истакна Пандов.

Пандов рече дека Заев на сето тоа на време не се спротистави, туку пред да состави влада има ветено на Бугарите дека се ќе исполни кога ќе дојде на власт.

„Минатата недела ВМРО-ДПМНЕ имаше барање за седница на која ќе се се дискутира за прашања од национален интерес, дури и бараше да се одржи лидерска средба, а за тоа Мицкоски беше брутално отфрлен од страна на Зоран Заев“, нагласи Пандов.
Пандов рече дека според случувањата, Македонија може единствено да влезе во ЕУ само ако кажеме дека тука живеат Бугари, а за тоа е виновен единствено Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This