Пaниka вo Еквадор: Byлкaнoт Сангај пoкpи co пeпeл пeт пpoвинции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вулканот Сангај во Еквадор исфрли големо количество пепел, што денеска падна врз пет еквадорски провинции.

– Погодени се провинциите Чимборасо, Гвајас, Боливар, Лос Риос и Кањар, објави на Твитер еквадорската Служба за вонредни ситуации.

Андскиот регион Чимборасо, со половина милион жители, од јуни минатата година е во трето ниво на аларм поради ерупција на Сангај.

Во септември пепелта стигна и до Гвајакила, главниот град на провинцијата Гвајас, при што привремено беше затворен и тамошниот аеродром.

Вулканот Сангај е висок 5.230 метри и се наоѓа на 195 километри оддалеченост од главниот град на Еквадор, Кито. Тој е еден од постојано активните вулкани на Еквадор. Се претпоставува дека е активен без престан од 1628 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This