April 26, 2024, 11:18 am

Пaниka вo Мeѓyнapoднaтa вceлeнcкa cтaницa: Дeфekт нa cиcтeмoт зa cнaбдyвaњe co киcлopoд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се расипа системот Електрон-ВМ кој го снабдува со кислород екипажот на Меѓународната вселенска станица, изјави руски космонаут.

Тој известил за дефектот во рускиот Центар за контрола на летот. Подоцна Центарот за контрола на летот информирал дека не е потребно да се преземаат мерки, пренесува Тасс.

„Утре ќе се справиме со ситуацијата“, велат од Центарот за контрола на летот.

Системот за снабдување со кислород Електрон-ВМ, развиен од Рускиот институт за истражување и дизајн на хемиско инженерство (NIIChimMash), работи на вселенската станица уште од нејзиното создавање.

Системот може да генерира од 25 до 160 литри кислород на час и дополнително од 50 до 320 литри водород на час. Во април 2010 година, на екипажот му беа потребни неколку дена да го поправат расипаниот систем.

Вселенската станица има на располагање резерви на кислород, додека американскиот модул „Мир“ има своја опрема за генерирање кислород.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This