April 30, 2024, 11:55 pm

Пaпaтa Фpaнциcк дoби „зeлeнa пoтвpдa“ oткaко ce вakциниpaшe пpoтив Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Папата Франциск доби сертификат дека е вакциниран, односно „зелена потврда“, откако ги прими двете дози на вакцината против Ковид-19.

Ватикан донесе одлука дека секој што сака да присуствува на верските служби во Светата столица мора да има сертификат за вакцинација, а обврската важи и за посетителите на музеите во Ватикан.

Во останатите парохии низ Италија, засега важи мерката дека верниците мора да носат заштитни маски, да држат физичка дистанца и да ги почитуваат хигиенските правила. Верските служби во црквите моментно се ослободени од законската обврска да приложи зелена потврда секој што ќе присуствува на настани во затворени простории.

Како што се наведува, утврдено е дека за време на следните посети на папата Франциск на Унгарија и Словачка, од 12 до 15 септември, на верските служби ќе можат да присуствуваат само оние што имаат зелени сертификати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This