ПAЦИЕНТОТ ПOЧИHA-KAЗНАТА ПАРИЧНА: Ексдиректорката и лекapи од охридската бoлницa парично kaзнети за нecоодветниот прием на пациентка што пoчинa од кopонавирус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешната директорка на охридската болница, лекари специјалисти од инфективното одделение во охридската болница, како и самата институција ќе бидат парично казнети, а случајот ќе го разгледува и Лекарската комора и Етичката комисија на оваа Комора, соопшти министерот за здравство Венко Филипче соопштувајќи дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат го завршил увидот во врска со кршење на процедурите за прием и третман на пациентка која почина на 27 март.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали казните ќе се одразат на капацитетот на ова одделение, кое покрива поширок регион, Филипче рече дека дефицитот на лекари не значи дека треба да има амнестија.

Шеесет и шестгодишната стружанка почина на 27 март чекајќи ги резултатите од тестот за коронавирус, кој подоцна се покажа како позитивен. Таа преку матичен лекар била испратена со приоритетен упат до Одделениот за инфективни болести во Охрид.

Како што тврдат нејзините роднини, таму не ја примиле, туку им било кажано да дојдат кога ќе имаат позитивни резултати од тестот.

Како резултат на овој случај, Филипче ја разреши директорката на охридската болница, а јавното обвинителство веќе отвори предмет за овој случај по допрен глас.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This