Пaѓа Владата?! Аxмети да се подготви за опозиција: Heма да бидеме на маса со оние кои не ја почитуваат волјата на граѓаните, вели Хоџа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на Движењето БЕСА Аријанит Хоџа денеска изјави дека неговата партија нема да дозволи да седи на маса со оние кои не ја почитуваат волјата на граѓаните, не прецизирајќи дали ќе ја напуштат владата или не, но рече дека во овие два дена ќе има консултации внатре во партијата, за конкретна одлука.

„Движењето БЕСА во континуитет се позиционираше како сериозен лидер, фокусирајќи се на една цел, големата слика, интеграцијата на државата.. Ова е надвор од секоја демократска норма. Ќе продолжиме со консултациите како понатаму. „Но, нема да дозволиме да бидеме на иста маса со луѓето кои сакаат да ја сменат волјата на граѓаните“, рече Хоџа.

Власта со ДУИ не беше млеко и мед, но она што се случи во Желино го покажува вистинското лице на ДУИ“, рече Хоџа.

Тој му порача на Ахмети да се подготви за опозиција.

Во општина Желино во вториот круг од локалните изобри победи Блерим Сејдиу од Движењето Беса, кој освои 69 гласа повеќе од неговиот противкандидат од ДУИ, Фатмир Изаири.

ДУИ поднесе два приговори до ДИК за зпштина Желино, со објаснување дека отпечатоците од прст не се совпаѓаат со бројот на гласачите и оти граѓанин гласал со неважечка лична карта.

Согласно член 148, став 3 ДИК едногласно одлучи да биде отворена избирачката кутија со цел да се утврди дали граѓанинот гласал со неважечка лична карта на избирачкото место 2107, а потоа и да се утврдат неправилностите во гласањето со отпечаток од прст. За да утврди дали имало неправилности Комисијата побара да ОИК од Желино да и достави посебни обрасци на избирачките списоци со решенија за запишување на посебно избирачко право.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This