ПJPM во грчките учебници за основно училиште се зaменyвa со Севepна Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со одлука потпишана од заменик- министерката за образование на Грција Софиjа Захараки, во грчките учебници за основно училиште треба да се направат корекции и терминот „ПЈРМ“ да се замени со „ Северна Македонија“.

Во циркуларното писмо од 16 декември 2020 година, кое го објавија грчките медиуми, а го пренесува МИА, пишува дека врз основа на соодветните одредби, „одлучено е да се коригира терминот „ПЈРМ“ во печатените и дигиталните изданија на учебниците за основно образование, согласно приложениот документ на Министерството за надворешни работи под бр.9382 / 15-2-2019 на тема: „Односите меѓу Грција и Република Македонија-спроведување на Договорот од Преспа во врска со името и терминологијата на соседната земја “.

Корекциите треба да се направат во седум учебници, меѓу кои и учебниците по географија, по англиски и германски јазик, а одлуката е испратена до издавачките куќи надлежни за издавање на конкретните учебници.

На 16 декември 2020 година, како што вчера соопштија од македонското и грчкото МНР, се одржа и Шестиот состанок на Заедничкиот интередисциплинарен комитет (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања.

-Расправата се водеше во пријателска и позитивна атмосфера. Двете делегации извршија детална размена на мислења за програмите во образовните системи на двете земји, а во согласност со член 8 став 5 од Договорот од Преспа. Двете страни се согласија нивниот следен состанок да го одржат во февруари 2021 година, пишува во заедничкото соопштение од двете Министерства за надворешни работи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This