Пoжapникapитe интepвeниpaлe двa пaти: Пoжap вo двe кyќи вo Куманово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кумановските пожарникари вчера интервенирале на два пожари, информираа денеска од регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Вчера пожар зафатил соба во семејна куќа на улицата „Ратко Митровиќ“. Петмина пожарникари го гаселе пожарот од 12:30 до 15:50 часот со едно возило. Причината за пожарот и материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.

Втората интервенција на пожарникарите била на опожарен оџак на семејна куќа, лоцирана на улицата „300“ во населбата „Ѓорче Петров“. Пожарот кој пријавен во 17:00 часот бил изгаснат за 40 минути со едно возило и тројца пожарникари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This