Фаучи мy oдгoвopи на Трамп: Cmpттa oд Koвид e виcтинcкa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајца највисоки американски здравствени власти денес го оспорија тврдењето на претседателот Доналд Трамп дека сојузните податоци за случаи со Ковид-19 и смртни случаи во САД се пренапумпани, но изразија оптимизам за зголемувањето на стапките на вакцинација.

„Смртните случаи се вистински смртни случаи“, изјави Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и инфективни болести, за „Еј-би-си њуз“, додавајќи дека не се лажни податоците дека болниците се преполни, а здравствените работници под стрес.

Фаучи и шефот на американската здравствена служба Џером Адамс ја бранеа точноста на податоците за коронавирусот објавени од американскиот центар за контрола и превенција на болести откако Трамп ги нападна методите на табеларно прикажување на агенцијата.

Повеќе од 20 милиони луѓе биле заразени во САД, а скоро 347.000 починале – или еден од секои 950 жители – откако вирусот се појави во Кина кон крајот на 2019 година, според ЦДЦ.

Фаучи и Адамс изразија оптимизам дека темпото на вакцинација на Американците против вирусот се забрзува по бавниот почеток. Повеќе од 4,2 милиони луѓе се вакцинирани со една од двете вакцини од 14 декември, далеку помалку од целта на администрацијата на Трамп за 20 милиони до крајот на 2020 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This