Пoлициcки чac e плaн Ц зa oвaa влaдa: Кoлкy cмe дaлeкy oд плaнoт Ц?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од 85 отсто од починатите се пациенти кои имале коморбидитети, односно тешка форма на некоја друга болест од која долго време биле лекувани, рече на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Втората причина е дека многу доцна доаѓаат во болница и тогаш е тешко да се направи нешто, вели тој.

Филипче смета дека во овој момент полициски час не е решение за корона кризата.

Со новите мерки кои ги предлага владата кога по 23 часот, ништо нема да работи, граѓаните нема каде да одат. Сега е времето лоши, па сите треба да седат дома, вели тој.

Ние ги разгледуваме сите опции но јас лично сметам дека во овие услови полициски час не е решение. Доволно е да се почитуваат овие мерки и тие мерки за кои верувам дека утре ќе бидат донесени во Парламентот.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски вели дека тој веќе подолго време разгледува варијанти од план А кога е се нормално, до план Ц а тоа е полициски час. Дали ќе има план Ц тоа зависи од сите нас колку ги почитуваме мерките, вели тој.

Што значи дека плановите за полициски час се разгледуваат и може да се применат во случај да дојде до влошување на состојбата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This