ПOПУЛИЗAM, ЛAГИ И МНОГУ PAKИЈА: Како стигнавме од „нe тpoшиме пари за Нова Година“ до „Дино Мерлин пазарен за 100.000 евра“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од муабети „ќе го продадеме Мерцедесот и ќе купиме возила за Брза Помош“, до „Мерцедесот ни треба“, преку „парите за прослава на Нова Година да не се трошат и да се дадат како донација“ до „100.000 евра за Дино Мерлин да пее на плоштад за Нова Година“, има две константи – лажни ветувања и чист популизам

 

Ако пред три години Зоран Заев заедно со Радмила Шекеринска од петни жили врескаа на микрофон дека ќе го продаделе „Мерцедесот“ кој не е на Груевски, и парите ќе ги потрошеле на возила за „Брза Помош“, сега е јасно дека станува збор за лажно ветување – или како што милуваат да кажат „лажна вест“. Ниту „Мерцедесот“ е продаден, ниту нови возила за Брза помош се купени.

Напротив, парите за возила за Брза Помош се потрошија на настап на „Евровизија“ во Тел Авив. Тоа и го промовираше медиумскиот магнат близок до Зоран Заев, Бојан Јовановски на неговата телевизија. Пред да рекетира бизнисмени.

Слично е и со Петре Шилегов. Објаснуваше дека е голем хуманист, а парите за прослава на Нова Година биле фрлени во празно и можело истите да се донираат. Една година така и беше, и Скопје изгледаше како пост-апокалиптичен сет од Холивуд.

Оваа година пак, Шилегов ќе „наплати“ и за претходната кога „не трошеше пари“ за прослава – иако трошел за ракија во град Скопје – па го пазарел Дино Мерлин за неверојатни 100.000 евра.

Внимавајте, 100.000 евра. Значи и со зборови, сто илјади евра.

Пари со кои можеше да купи две од оние машини на професорите од земјоделски, и да вртат по Скопје да го намалат загадувањето. Пари со кои ќе помогнеше на оној чичкото кој спие во картони позади Собранието на Р.Македонија.

Пари со кои, ќе ја направеше уличката на баба Перса за да не мора да се резили Заев.

Можеше…ама популизам.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This