Пoтpecно cвeдоштво, во Скопје работата е избегана од контрола, матичните се бopaт да најдат кревет повеќе за нивните пациенти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потресно сведоштво на Твитер на матичен лекар од Скопје. На темата дека вирусот е ослабнат проговоре матична докторка од Скопје која вели дека само пред неколку дена имала 6 пациенти кои биле на домашно лекување, денес дури половина од нив се во болница, додека еден е на интензивна нега, на вентилатор. Вистинската борба на матичните лекари во моментов е да најдат кревет повеќе за своите пациенти.

-На тема “ослабнат е вирусот” – пред 2 дена имав 6 пациенти на домашно лекување. Денес 3 од нив се во болница (една е на интензивна нега на Инфективна на неинвазивна вентилација), а тројцата останати се со влошена состојба, за еден се борам по телефон и него да го примат во воена.

Според нејзиното сведоштво во Скопје работата е веќе излезена од контрола и има невидена локална трансмисија.

-Во Скопје работата е избегана од контрола, порано пациентите лажеа и не кажуваа од кого се заразиле ама сега имаме невидена локална трансмисија.

Пазете се, носете прописни маски (не партали сошиени од материјал за гаќи), избегнувајте јсп, пазари и гужви. Болниците веќе се полни!

 

Latest News

The Best Betting Strategies for 55Club

  Bankroll Management One of the most crucial aspects of successful betting is effective bankroll management. Proper bankroll management ensures that...

More Articles Like This