Пoтpecнo cвeдoштвo нa coциjaлнитe мpeжи: “Ja зapaзиja тaмy кaдe штo oдeшe ceкoj втop дeн зa дa пpeживee, зa нa кpaj дa пoчинe..”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оваа ситуација, за жал, е чист пример колку здравството во Република Македонија е во тотален хаос. Потресното сведоштво на Нина Стојанович е навистина жалосно. Замислете.. нејзината мајка која што одела секој втор ден на местото каде што требала да се лекува oд здравствени причини, се заразила со Ковид-19 и за жал го загубила животот поради неодговорноста на нашето здравство..

Денеска ја погребавме мајка ми, почина од Ковид-19. Цела година ја пазевме бидејќи е во најризична група (20 години оди на дијализа бидејќи нема бубрези, пред 4 години презивеа рак, а пред 2 години имаше тешка операција на срце), внуците цела година си го гледаше на вибер.

Знаевме дека допир со вирусот за неа е смртна пресуда. На крај ја заразија таму каде што одеше секој втор ден за да преживее, на дијализа.

И немаше да пишувам статус да не ја заразеа сестри и доктори кои во време на пандемија решија да прават мекици во Баба Цана и да направат кластер на Нефрологија. Мене мајка ми нема никој никој да ми ја врати ама сакав само да дадам ете еден мал придонес во истрагата.

Пред да се зарази мајка ми цитав дека ќе истражувале како се направил кластер, сега веќе не сум во тек што се случува и до каде е “истрагата”. Знам дека никој нема да сноси последици како што никој за ништо не одговара во оваа држава, но морав да го напишам ова и да излезе од мене и конечно да и кажам на мајка ми да почива во мир, сигурно е сега на поубаво место каде што веќе не ја боли ништо.

Постот на фејсбук може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This