Пoчинa младиот Југослав кој бараше пomoш за лekyвање од Koвид 19 во пpивaтна клиниka

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Младиот Југослав кој пред неколку часа бараше помош преку социјални мрежи за приватно да се лекува од коронавирус, почина. Во објавата на неговиот профил каде се информира за неговата смрт, се наведува граѓаните повеќе да не донираат.

-Југослав почина од последица на Ковид-19. Ве молиме не уплаќајте повеќе средства, а претходно уплатените средства во полн износ ќе ви бидат вратени по завршување на оставинската постапка. Бог да го прости, стои во објавата на профилот на Југо.

Пред неполни 24 часа објавата на Југо со која бара помош, стана виртуелна на социјалните мрежи.

-Драги мои роднини, пријатели и сите што ова ќе го прочитате, Дојде момент да немам друг избор и помош да барам јавно. Јас сум Југослав и сум пациент на клиниката за белодробни заболувања во комплексот Мајка Тереза, позитивен на КОВИД-19 и со лоша клиничка слика. Се борам за секој нареден здив, вода пијам голтка по голтка со многу вложен труд и болка бидејќи грлото ми е во рани од кашлица и исплукување крв. Клиниката е преплавена со заболени, лекарите и сестрите борци се борат како последните упорни херои, жртви на воен фронт. Секој ден се плашам дека можеби ова е мојот последен ден на овој мил свет. Моите сестри веќе заминаа од светот на живите, а јас секој миг се плашам дека мајка ми ќе остане и без последното чедо кое што не успеа да остави ни внуци позади себеси. Сметам дека клиниката неможе да ми ги пружи идеалните услови за мојот организам ги има сите шанси за борба па одлучив да Ви се обратам Вам за помош. Хуманитарните луѓе од млекара Бучен Козјак веќе помогнаа со голем дел од средствата кои ми се потребни да се лекувам на приватна клиника каде што сметам дека медицинскиот тим може да ми пружи подобри шанси за живот, но ми недостасуваат уште 9000 евра за да примам озонска терапија и крвна плазма и да ја продолжам борбата со нови сили, напиша Југо.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This