Пoчинa овчapoт кој екипа на Брза пomoш со чacoви го нoceшe нa нocилka

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почина 63-годишниот пациент кој екипа на итната медицинска помош пет часа пеш го носеше по тежок планински терен. Оваа информација за Сител ја потврдуваат од штипската болница.

Портпаролката на болницата, Марина Шуманска вели дека причините за смртта се мозочното крварење и хипотермијата.

Пациентот неколку дена лежеше на хируршкото одделение, беше во коматозна состојба и за жал сабајалето во 7 часот почина како последица на мозочното крварење и премрзнатоста. Тука му се направени сите испитувања и следувања. Направена е компјутерска томографија каде што е констатирано мозочното крварење, по изјавата на неврохирургот, без можност хируршки да се интервенира. Така пациентот беше задржан неколку дена на хируршкото одделение, како што ви кажав, бил во коматозна состојба, стабилен неколку дена, но критичен за сабајлето да подлегне сите тие повреди кои што ги имал, вели Шуманска за Сител.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This