Пoчинa Осаму Масуко, пpeтceдaтeлoт на Mitsubishi Motors

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот што долги години го водеше Mitsubishi, почина. Осаму Масуко го напушти овој свет кусо по повлекувањето од челната позиција во јапонскиот автомобилски концерн.

Автомобилската корпорација Mitsubishi Motors соопшти дека Осаму Масуко, специјален советник и до скоро претседател на управниот одбор, почина на возраст од 71 година, од срцева инсуфициенција.

Масуко ненадејно се повлече од претседателската позиција во корпорацијата Mitsubishi Motors на 10-ти август, наведувајќи ги здравствените проблеми како причина за заминувањето. По желба на починатиот „татковски водач“, Mitsubishi нема да одржи комеморација за доскорешниот шеф.

Осаму Масуко беше назначен за претседател во јануари 2005 година. Тој го разви и го воведе планот за ревилатизација на Mitsubishi Motors, работејќи посветено на постигнувањето на целите.

Под негово раководство се одвиваше арзвојот на првиот големосериски автомобил со електричен погон во светот, Mitsubishi i-MiEV, подоцна само со ознака EV, исто како и на Mitsubishi Outlander PHEV, прв СУВ со погон на сите тркала, со приклучен хибриден погон.

Уште еден голем успех на Масуко претставува пробивањето на пазарот во Југоисточна Азија, кадешто Mitsubishi постигнуваше завиден раст во продажбата, а сето тоа како резултат од зголеменото производство во регионот.

Масуко воспостави и солидни врски со менаџментот на конкурентските компании, вклучувајќи ги партнерите во алијансата со Renault и Nissan. Во своето 16-годишно претседателство во MMC, Масуко целосно ги искористи своите менаџерски способности и придонесе компанијата да ги надмине тешките времиња.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This