Пo тpи нeдeли, пpичинaтa зa ekcплoзиjaтa oд тpaгичниoт нacтaн вo тeтoвcкaтa мoдyлapнa бoлницa e ce yштe нeпoзнaт…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поминаа три недели од трагичниот настан во тетовската модуларна болница, а од Обвинителството сè уште немаат конкретни детали за пожарот во кој загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти и 2 членови на нивните семејства.

Од Основното јавно обвинителство велат дека се прибираат вербални и материјални докази. Извештаите од наредените вештачења до овој момент сè уште не се пристигнати кај нив.

Форензичките извештаи и анализите на вештачењето за пожарот во модуларната болница во Тетово се при крај, изјави вчера премиерот Зоран Заев, кој очекува тие да бидат објавени час поскоро.

– Колку е поскоро, толку подобро, за да ги решиме сите дилеми. Животот продолжува, политичарите се во кампања, се случуваат секојдневни активности. Ред е да се објави тој извештај за да можам и јас да го кажам својот став по повод понудените оставки од министерот и заменик-министерот – рече Заев.

Јавното обвинителството формирало работна група за овој случај. Обвинители од гостиварското и од скопското Вишо јавно обвинителство ќе бидат дел од предистражната постапка.

Во моментов, на предистрагата за опожарената модуларна болница во Тетово работат девет обвинители. Но, за јавноста и по три недели останува нејасно од што настанал пожарот.

Строга тајна е и одговорот на прашањето дали пристигнал извештајот на германските експерти, чијшто тим по пожарот пристигна во земјава и требаше да им помогне на македонските иследници во утврдување на причината за трагедијата.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This