Пopтпapoлoт нa Taлибaнцитe: Ги пpoтepaвмe cтpaнцитe, пoбeдивмe гoлeмa oкyпaтopcкa cилa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Главниот портпарол на Талибанците, Забихула Муџахид со години избегнуваше да се фокусира на јавноста, иако собра стотици илјади следбеници на Интернет, каде што објавуваше твитови во живо за време на бунтот на Талибанците, пишува АФП.

Но, неколку дена откако Талибанците го зазедоа Кабул по колапсот на владата поддржана од САД, Забихула Муџахид го имаше својот прв јавен настап на изненадувачката прес-конференција во главниот град на Авганистан.

На прв поглед, малку се разликува портпаролот на Талибанците од другите лидери. Пред печатот седеше средовечен џихадист со црн турбан, густа црна брада и студено однесување.

„Ние ги протеравме странците“, рече Муџахид во воведниот збор.

Само неколку дена претходно, Муџахид објави на социјалните мрежи дека Талибанците го убиле главниот владин портпарол, Дава Кан Менапал, фалејќи се дека убиството е организирано „во специјален напад“, извршен од Талибанците.

„Сите оние од спротивната страна ќе бидат помилувани“, рече Муџахид додека одговараше на прашањата на преостанатите авганистански новинари кои известуваа од главниот град.

На прашањето дали очекува на Талибанците да им се прости бруталната кампања на насилство што донесе смрт и уништување на авганистанските градови, Муџахид не отстапи.

– Загубите, колку и да беа поразителни, вредеа за се. Победивме голема окупаторска сила – рече тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This