Пopaди пpoблeми co мeхaнизaциjaтa: Oтeжнaтo ce oдвивa чиcтeњeтo нa cнeгoт нa пaтниoт пpaвeц Делчево-Пехчево-Берово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради проблеми со дел од механизацијата, отежнато се одвива чистењето на снегот на патниот правец Делчево – Пехчево – Берово. Најмногу проблеми, како што информираат возачи има во Пехчевско, кај месноста Крива Круша, која е под осој, додека сообраќајот на целата делница како што додаваат се одвива мошне отежнато.

Од ,,Македонија пат” потврдија дека имаат проблеми со дел од механизацијата и најавија дека се прават дополнителни напори снегот да биде исчистен.

На останатите делници во Пијанечко-малешевскиот регион, синоќа и во текот на утрото, исто така со проблеми се одвива сообраќајот.

Во овој региом најголема снежна покривка има на планината Голак која изнесува 50 сантиметри. Поради ова, движењеи на релација Делчево-Голак не е препорачливо за возила без соодветна зимска опрема. Во Делчево од утрово со механизација на операторот задолжен за чистење на градските улици се интервенира на повисоките делови од градот, каде снежните наноси во текот на вечерта беа најизразени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This