April 30, 2024, 10:27 pm

ПOPAЗИТЕЛНИ БРОЈКИ: Вкупно 1.836 граѓани од дијаспората се пријавиле дека ќе гласаат за претседателските избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вкупно 1.836 граѓани од дијаспората се пријавиле дека ќе гласаат за претседателските избори. Нема да се гласа во 15 градови, бидејќи имало под 10 пријавени, како што се Атина, Анкара, Киев, Мадрид, Подгорица, Москва, Софија, меѓу другите градови и Тирана.

Проверка во избирачкиот список кој истече на 14 март, направиле 53.972 граѓани, од нив избришани се околу 400. ДИК треба списокот да го прати до политичките партии кои можат да го скенираат и да им ги пратат забелешки на членовите. Конечниот број на гласачи ќе се знае на 29 март.

Од добиениот список од МВР на 8 февруари по преработката и одраборката што се вршеше тука и во државниот завод за статистика, списокот содржи над 1.808.000, треба уште мала доработка за овие лица коишто извршиле увид. Во овој список се наоѓаат над 10.000 лица коишто немаат адреса во државата и коишто иако се на списокот нема да бидат во можност да гласаат затоа што немаат живеалиште во државата, изјави претседателот на ДИК Оливер Дерковски.
Купување на време или чекање на последниот рок. Ниту еден од тројцата претседателски кандидати до ДИК не ги доставиле кандидатурите. Според законот откако ќе ги достават, до 1 април немаат право да излегуваат во јавност во врска со престојните избори, а оттогаш почнува кампањата. До четврток е рокот за доставување на претседателските кандидатути.

За претседателката фотелја на водно се тркаат Стево Пендаровски од коалицијата на СДСМ, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО ДПМНЕ и Блерим Река од албанската опозиција. За една недела ќе се знае кој ќе биде „среќниот број“ на претседателските кандидати кој во ДИК ќе го извлечат со ждрепка. Кампањата ќе трае до 19 април, а ден подоцна ќе гласаат болните и изнемоштени лица, затворениците и притворениците, како и избирачите што на денот на гласање се на привремена работа или престој во странство.

Втор круг на гласање ќе има доколку ниту еден кандидат за претседател не го добил потребното мнозинство гласови. Кампањата за втор круг завршува во 24 часот на 3 мај, а гласањето се одржува на 5 мај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This