Пopaнeшниoт aмбacaдop нa САД вo Бугарија: “Република Македонија е cyвepeнa дpжaвa и пoвeќe нe тpeбa дa ce вoзнeмиpyвa или кoмaндyвa”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот амбасадор на САД во Бугарија, Џејмс Пердју, кој е и еден од посредувачите во разговорите за Охридскиот рамковен договор, во интервју за Бугарското национално радио (БНР) изјави дека Македонија е суверена држава и повеќе не треба да се вознемирува или командува.

На прашањето дали спорот меѓу Софија и Скопје е голем проблем за Вашингтон, Пердју одговори дека тоа е големо разочарување.

Верувам дека е во интерес на Бугарија да биде чувар за каузата на Република Македонија да постигне членство во ЕУ. Колку на некои луѓе да не им се допаѓа, тоа е суверена држава и повеќе не треба да се вознемирува или командува, откако веќе го реши спорот за името со Грција. На Република Македонија и на Бугарија многу повеќе им прилега да бидат блиски сојузници отколку да се караат околу историјата – изјави Пердју.

Тој додаде дека Русија одлучила да го претвори Балканот во зона на стратешка битка за влијание со САД и нивните сојузници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This