Пpвпaт вo Владата на САД едeн Латиноамериканец и eдeн хoмocekcyaлeц

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Алехандро Мајоркас стана првиот Латиноамериканец кој ќе го предводи американското Министерство за внатрешни работи, додека Пит Бутиџиџ ќе биде првиот министер кој јавно е деклариран како хомосексуалец.

Именувањето на Мајоркас, син на кубански бегалец, е потврдено во Сенатот со 57 гласа „за“ и 43 „против“.

Тој е роден во Хавана пред 61 година и ќе го предводи Министерството за внатрешни работи, кое е основано по терористичките напади на 11 септември 2001 година.

Мајоркас ќе биде задолжен и за спроведување на имиграциската политика на САД.

Сенатот вчера го потврди и именувањето на Пит Бутиџиџ за прв човек на американското Министерство за транспорт со 86 гласа „за“ и 13 „против“, со што стана првиот деклариран хомосексуалец во американската администрација.

Бутиџиџ е поранешен градоначалник на Саут Бенд во сојузната држава Индијана, кој беше во трката за демократски кандидат на претседателските избори во 2020 година.

– Почестен сум од денешното гласање во Сенатот и подготвен за работа, напиша Пит Бутиџиџ на Твитер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This