Пpв вaкoв cлyчaj вo Грција: Bo Атина ce poди бeбe пoзитивнo нa Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во болницата во Атина се роди бебе позитивно на ковид-19 од мајка која била претходно потврдена како заразена со вирусот. Ова е прв ваков случај во Грција, пренесува МИА.

Мајката пред осум дена имала симптоми на коронавирусот и по направениот тест било потврдено дека е позитивна. А вчера, при приемот во болница, а непосредно пред породувањето со царски рез, одново била тестирана, а резултатот од молекуларниот тест бил слабо позитивен.

Бебето е згрижено на Одделот за интензивна нега на новороденчиња, а грчката новинска агенција АНА-МПА пишува дека со фактот што породувањето било со царски рез, се отфрла можноста за пренесување на вирусот при породувањето.

Директорката на гинеколошко–акушерската клиника во болницата каде што се роди бебето, Софија Калантариду за порталот „Healthview“ рекла дека ова е сериозен наод што ги потврдува стравувањата за пренесување на вирусот во матката од мајката на детето.

Медиумите во Грција пишуваат дека досега, сите новороденчиња родени во конкретната атинска болница од мајки заразени со ковид-19, имале негативни резултати по направените молекуларни тестови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This