Пpивeдeни 6 лицa вo угocтитeлcки oбjeкт вo Жеровјане, пpoнajдeнo оpyжje..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ноќва (25.06.2021) во периодот од 01.30 часот до 05.00 часот полициски службеници од СВР Тетово, при контрола во угостителски објект во тетовско Жеровјане, сопственост на А.А.(30) од тетовско Боговиње, затекнале 12 лица, од кои 7 од Србија, 2 од Русија, 1 од БиХ и 2 од нашата земја, како и 41 лице – гости во објектот. Во објектот биле пронајдени четири безбол палки, а близина на објектот биле пронајдени две парчиња огнено оружје „Шкорпион аграм 2000″, со рамка со два куршуми калибар 9мм и револвер со муниција.

Сопственикот на објектот А.А. е лишен од слобода, а приведена е Е.З.(27) од Босна и Херцеговина, поради злоупотреба на туристичкиот престој, како и Б.А.(24) од скопски Сарај и Т.И.(21) од гостиварска Долна Бањица, кај кои биле пронајдени ножеви, додека А.Х.(23) од Германија и Џ.Л.(39) од тетовско Горно Палчиште непоседувале документи за идентификација.

По целосно документирање на случајот, против сопственикот на објектот и другите приведени ќе следуваат законски предвидените поднесоци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This